Поврзете се со нас

Франција

Ди Марија ги откри плановите за својата иднина

Објавено

на

Анхел Ди Марија неколку сезони го носи дресот на ПСЖ, а според изјавеното во последното интервју, не планира да го напушти францускиот тим.

Договорот на Аргентинецот истекува во јуни, но тој има опција да го продолжи на уште една сезона.

– Имам уште шест месеци од договорот и планирам да останам и следната сезона.

–  Вистината е дека сакам да останам, моето семејство е многу среќно, децата се задоволни.

– Кога ќе заминам од ПСЖ, сакам тоа да го направам од предната врата, а мојот следен клуб ќе биде во Аргентина. Мојата желба е да ја завршам кариерата во Розарио, но и тоа да биде во ситуација во која ќе играм во вообичаената форма и навистина ќе му помогнам на клубот, – изјавил Ди Марија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни