Супер Куп
„Дерби“ открива: Кое е момчето што истрча на терен на крај од Суперкупот? (ГАЛЕРИЈА)
Во текот на вчерашниот ден главна вест низ сите светски медиуми беше дуелот од УЕФА Суперкупот, судир на гигантите Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, настан што беше пренесуван во 216 земји од светот од страна на 280 телевизиски станици.
На самиот крај на натпреварот се случи помал инцидент, при што 19-годишниот Антониј Тентов скокна од трибината на теренот и претрча од Северна трибина до југозападниот дел на стадионот за да ги поздрави навивачите на славеничкиот тим, Реал Мадрид. Во изјавата за „Дерби“ тој не сака да зборува за „второто полувреме“ односно за искуството со органите на јавниот ред и мир кои констатирале прекршок и му изрекле глоба, туку само да ја раскаже својата верзија за сторијата што ја насловува како „најубавото нешто што ми се случило во животот“.
Во разговорот за „Дерби“ дознавме дека Антониј е успешен студент и тренира кошарка, како и дека не бил под дејство на алкохол или дрога, односно како што опишува во изјавата, бил понесен од адреналинот.
– Долго време планирав да направам нешто вакво, но немав соодветна можност. Суперкупот на УЕФА беше грандиозен настан и вистинска шанса да го остварам својот сон. Последните 20 минути од натпреварот имав енормен наплив на адреналин, нешто што не можам да го опишам со зборови. Тој адреналин кулминираше на самиот крај на натпреварот, па го погледнав теренот и се запрашав: „што ако можам да направам нешто што ќе го паметам цел живот, и јас, а и сите други присутни на „Телеком арена“? Скокот беше страшен, му благодарам на Бога што ме чуваше цела вечер. Верувајте не е лесно да се скокне од четири метри височина, на нерамна површина и преку жив ѕид од редари. Само што доскокнав, веднаш протрчав покрај редарите и влегов на теренот. Рефлекторите, фудбалерите, илјадниците луѓе во публиката, како сите погледи да беа вперени во мене, а јас се чувствував како да живеам за таквите моменти. Истрчав кон навивачите на Реал Мадрид, сакав да ги поздравам, меѓу нив беше и мојот братучед. Жал ми е само за едно нешто, а тоа е што не успеав лично да го поздравам Роналдо, бидејќи бев премногу збунет, па останува во некоја следна можност да се поздравам со најдобриот фудбалер на светот. Верувам и тој би сакал да се запознае со неговиот најстраствен фан. Им благодарам на оние што ме поддржуваат и им се извинувам на оние што не го поддржуваат мојот потег. Се гледаме на Вардар – Фенербахче!
-
Англијапред 18 часа
Де Брујне го постигна првиот гол со глава, Сити убедлив на „Амекс“ (ВИДЕО)
-
Светпред 22 часа
Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата: Ова е голема чест за мене…(ВИДЕО)
-
Англијапред 19 часа
Слот за можноста да седне на клупата на Ливерпул: Мојата одлука е јасна…
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола за иднината на Кансело: За тоа ќе разговараме…
-
НБАпред 9 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
АТПпред 21 час
Надал загуби само еден гејм и закажа битка со Де Минор во Мадрид (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 17 часа
Барселона со пеколно второ полувреме го разби ПСЖ, Веспрем во последната секунда го матираше Алборг (ВИДЕО)
-
Евролигапред 17 часа
Реал на чекор до фајналфорот, Панатинаикос израмни против Макаби (ВИДЕО)