Поврзете се со нас

Франција

Депај проговори за иднината и понудите кои ги има на маса: Прво сакам…

Објавено

на

Мемфис Депај е еден од најинтересните играчи на трансфер пазарот, а причината за тоа е што без никакво обештетување може да се пресели во новата средина затоа што на крајот на наредниот месец му истекува договорот со Лион.

Тој се препороди во францускиот прволигаш по лошата епизода во Манчестер Јунајтед, па на вкупно 177 натпревари даде 76 голови и запиша 53 асистенции. Поради ова доста клубови сакаат да го видат во своите редови со тоа што медиумите ја потенцираат Барселона како фаворит за неговиот потпис.

-Барселона покажа интерес за мене, ама не се единствените кои се заинтересирани. Во моментов немам договор со ниту еден тим, -вели Мемфис кој сега сака да се посвети на ЕП.

-Прво сакам да се фокусирам на ЕП. Одлуката во врска со мојата иднина заслужува време на размислување. Не би сакал да не го завршам договорот со Лион. Во моментов уживам во мојата слобода и фудбал, -порача Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни