Поврзете се со нас

Шпанија

Депај ја испрати првата порака како член на Барселона: Ова е најдобриот клуб на светот, ова е остварување на сонот (ВИДЕО)

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај конечно донесе одлука за својот нов чекор во кариерата, па така од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Тој реши дека е време да ја заврши успешната приказна во Лион и одново да се испроба во поголем клуб со повисоки амбиции. Депај потпиша две годишен договор со каталонците, а денеска ја испрати првата порака до клубот и навивачите на шпанскиот великан.

-Здраво на сите, конечно е официјално, ќе и се приклучам на Барселона. Многу сум возбуден поради тоа, ова е остварување на сонот да му се приклучам на најдобриот клуб на светот со најдобрите навивачи. Со нетрпение чекам да заиграм пред полн стадион, навивачите на Барселона се посебни по тоа што живеат со натпреварот, играта, многу го сакаат фудбалот. Се радувам на можноста што ќе играм пред таква публика.

-Сакам да и се заблагодарам на управата, претседателот и тренерот што помогнаат да се оствари оваа зделка. Ќе направам и ќе дадем се за клубот. Подготвен сум, виска Барса, -порача Депај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни