Балкан
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки

Кошаркарскиот клуб Партизан очекува уште една успешна сезона во која главната амбиција е пласман на фајнл-фор турнирот на Евролигата, а уште отсега е јасно дека противниците ќе мора да се подготват за пеколна атмосфера на гостувањата во Белград.
Денеска, претседателот Остоја Мијаиловиќ открил дека српскиот клуб веќе има продадено 16.124 сезонски билети за новата сезона, што истовремено е и нов рекорд меѓу клубовите кои играат во Евролигата.
Мијаиловиќ посочил дека клубот само од овие билети заработил сума која изнесува речиси 6 милиони евра, што секако ќе биде важен дел од клупскиот буџет за новата сезона.
Голем успех денеска прослави и хрватскиот фудбалски прволигаш Хајдук, кој објави дека 28. септември 2023 година ќе влезе во историјата поради регистрираниот 100.000-ти член на клубот.
– Сто илјади членови е чест и привилегија каква имаат мал број клубови, а за нас обврска да бидеме достојни на името кое не поврзува во оваа фамилија, – стои во соопштението на сплитските „били“.
— HNK Hajduk Split (@hajduk) September 28, 2023
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него