Поврзете се со нас

Италија

Демирал и Пирло со специјален поздрав по триумфот над Лацио (Видео)

Објавено

на

Лацио поведе против Јувентус по едно грешно додавање на Кулушевски, имаше можност да поведе со 0:2 и 1:2, но на крајот домаќините со целосен пресврт заслужено дојдоа до победата.

Мерих Демирал одигра добар натпревар како единствен подготвен стопер во тимот на Андреа Пирло, а по неговото завршување доби честитка и од својот тренер.

Поздравот со глава меѓу двајцата веднаш стана хит на социјалните мрежи и фановите го посочуваат како несекојдневен начин за прослава на победа, посебно за Пирло кој вообичаено не покажува многу емоции.

Јувентус веќе во вторник го очекува уште еден многу важен натпревар и тоа против Порто во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни