Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро: Играчите на Јуве се криеја зад одбраната, работата се менува со Влаховиќ

Објавено

на

Јувентус предизвика вистински потрес во јануари и го изрежира најскапиот зимски трансфер во историјата на Серија А, откако реши да плати повеќе од 70 милиони евра за ангажманот на најдобриот голгетер на Фиорентина.

Душан Влаховиќ импресионираше со изданијата за „виолетовите“ и стана топ мета на многу европски клубови, но на крајот се реши да остане во Италија и да ја прифати понудата на Јувентус.

Србинот веќе беше претставен како огромно засилување за тимот на Масимилијано Алегри, тренер кој исто така го доби и Закарија од редовите на Борусија Менхегладбах. Од тимот си заминаа Рамзи, Бентанкур и Кулушевски, но новите засилувања будат надеж и кај легендарниот Алесандро Дел Пјеро, кој посочи дека играчите досега се криеле зад добрите дефанзивци и се потпирале само на нивните квалитети.

– Многупати низ годините гледавме како Јувентус доминира, но потоа прима голови на контри. Тоа го видовме многу оваа сезона, но сега се менува ситуацијата.

– Играчите пречесто се криеја зад цврстата одбрана и бранеа резултат. Со овие двајца нови играчи, а особено со Влаховиќ, ситуаицјата се менува. Влаховиќ има извонредни квалитети и може да постигнува голови, но и да ја задржи и штити топката. Ако ја одржи формата од Фиорентина, ќе постигнува голови на различни начини, – вели Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни