Поврзете се со нас

Италија

Дел Пјеро ги поздрави фановите со уникатна елка (Фото)

Објавено

на

Алесандро Дел Пјеро најголем дел од годината ја минува во Соединетите Американски Држави, каде живее о семејството, но не ја загубил комуникацијата ниту со италијанските фанови.

Како стручен коментатор на италијанските телевизии, легендата на Јувентус често ги истакнува своите ставови за актуелните фудбалски теми, а преку социјалните мрежи останува во контакт и со големиот број фанови.

Дел Пјеро на Инстаграм се пофали со својата елка, на која овој пат има навистина уникатни украси.

Поранешниот италијански репрезентативец ја збогати елката со мини верзија на дресовите кои ги носеше во кариерата, а посебно внимание предизвикаа три присутни топки.

– Перфектна божиќна елка. Кој ги препознава овие топки? – праша Дел Пјеро, мислејќи на топките од Светското првенство во 2006 година, Интерконтиненталниот куп во Токио и последниот натпревар во дресот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни