Англија
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед имаше едно од најсрамните изданија на „Комјунити стадионот“ во Брентфорд, терен на кој Давид Де Хеа без никаков сомнеж го одигра најлошиот натпревар во својата кариера како прв голман на Манчестер Јунајтед.
Шпанскиот чувар на мрежата направи две аматерски грешки во првите 20 минути со кои му овозможи на Брентфорд да поведе со 2:0, по што следеше комплетно помрачување на „ѓаволите“ кои примија уште два гола до 35-та минута.
Де Хеа како еден од најискусните ја презема одговорноста за срамниот пораз, па дури и самиот побарал да направи интервју со „Скај“ за да им се извини на навивачите на Јунајтед.
– Сакам да преземам одговорност. Сметам дека јас го чинев мојот тим три бода денеска. Тоа беа многу лоши перформанси од мене и за жал се случува во фудбалот. После првата и втората грешка беше многу тешко за тимот да продолжи да игра. Ова беше ужасен ден.
– Требаше да реагираме подобро, но во моментов е многу тешко да се игра после такви моменти. Некогаш треба да ги читаме некои ситуации подобро, за вториот гол не требаше да го проигрувам Кристијан Ериксен, но сакаме да играме со топката и некогаш се случува ова. Сметам дека јас сум виновен за ова денеска, тоа беше лесна одбрана и после тимот одеше само надоле, – изјави Де Хеа.
🗣️ “I think I cost three points to my team today to be honest”
David de Gea asked to do the post-match interview after a horrible day for Manchester United 🔴 pic.twitter.com/uYD65ErbQP
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) August 13, 2022
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 15 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 16 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 12 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок