Поврзете се со нас

Светски првенства

Данска пресилна за Јапонија и без Микел Хансен, фаворитот обезбеди четвртфинале

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Данска го потврди првото место во својата група на СП во Египет, обезбедувајќи си пласман во четвртфиналето на едно коло до крајот.

Во последната рунда, Данците ќе играат против Хрватска, на која очајно и треба победа, а денеска беше совладана Јапонија со резултат 34:27.

Неиграњето на Микел и Јохан Хансен не се почувствува многу кај расположените Скандинавци, кои на полувреме имаа само два гола позитива, но затоа во вториот дел се погрижија за нови поени и триумф над Јапонија.

Најдобар реализатор бил Емил Јакобсен со дури 12 голови на оваа средба,додека кај Јапонија, Агари реализирал 6 погодоци.

Во последното коло, азиската репрезентација ќе се обиде да стигне и до прва победа во главната фаза, а противник ќе и биде Бахреин кој е на дното на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни