Поврзете се со нас

Европски првенства

Данска безмилосно ја потопи Словенија, Хрватска го доби балканското дерби со Србија

Објавено

на

Данската ракометна репрезентација вечерва покажа дека е класа за себе во нашата група, бидејќи по лесниот триумф над Црна Гора на кој не се оптеретуваше, денеска и одржа ракометна лекција на Словенија.

Ракометарите на Љубомир Врањеш се соочија со суровата реалност, а тоа е дека ракометарите на Данска во овој момент се многу поквалитетни од нив, за што говори и конечниот резултат на оваа средба.

Данците победија со убедливи 34:23 во Дебрецин и ја демонстрираа разликата во квалитет на теренот, особено во второто полувреме во кое беа речиси непогрешливи во одбрана и напад. Словенија имаше негатива од два гола на полувреме (14:16), но потоа се разбрани Ландин, а офанзивните ракометари на Данска ја користеа секоја негова одбрана и направија огромна двоцифрена разлика.

Покрај средбата од нашата група, интересно беше и на балканското дерби меѓу Хрватска и Србија, на кое подмладените „каубои“ покажаа дека и во овој момент се подобра селекција.

Хрватите победија со 23:20 и направија голем исчекор кон следната фаза на Европското првенство, на кое вечерва играше и Шпанија која го доби дербито против Шведска со 32:28.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни