Светски првенства
Дани Алвес: Да бев во Барселона, немаше да ми се случи ова

Дани Алвес денеска се очекува да биде стартер за Бразил и да ја носи капитенската лента на мечот против Камерун, што автоматски ќе го направи највозрасен играч на „кариоките“ кој некогаш заиграл на еден мундијал.
Безвременскиот десен бек доби повик од селекторот Тите и на 39-годишна возраст, па иако не е во прв план кога е стартната 11-ка во прашање, Алвес вели дека не може да ги сфати критиките кои ги добива од домашните новинари.
Бразилските медиуми ја нападнаа одлуката на селекторот што повика фудбалски ветеран, наместо да му даде шанса на некој млад фудбалер, но Алвес е свесен дека тоа му се случува и поради тоа што веќе не е во центарот на вниманието како член на Пумас во Мексико.
– Ако играв во Барселона, немаше да ми се случи ова. Во Бразил секогаш се бараат изговори за да се нападне некој играч, сега дојде редот на мене. Многумина ја доведуваат во прашање мојата возраст. Можеби не сум во најдобар момент од кариерата, но на едно Светско првенство најважен е тимот, а не индивидуалецот. Тука сум поради сето она што го сработив од 2003-та година.
– Јас сум горд што сум дел од овој тим, среќен сум што мојата етапа ќе ја завршам со настап на Светско првенство. Не сум тука само за играње, ако е потребно да бидам тапанар, ќе бидам и тапанар на трибините, – изјавил Алвес на пресот во свој стил.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти