Европски првенства
Црна Гора режираше сензација, Радичевиќ ја заврши кариерата со освоена бронза (Видео)

Јованка Радичевиќ најави дека го игра последниот турнир во репрезентативната кариера уште пред стартот на Европското првенство, а истото го завршува со најголема можна награда за сето она што го оствари за националниот тим.
Црна Гора режираше големо изненадување во „малото финале“ на Европското првенство на кое кодомаќин беше и Македонија, бидејќи во натпреврот за третото место ја надигра Франција.
Фаворитот победи со осум гола разлика на првиот меч кој го одиграа овие селекции во Скопје пред една седмица, но денеска помотивирани за победа и бронза беа Црногорките, кои на крајот победија по одиграни продолженија.
Регуларните 60 минути завршија со 22:22 и се отиде во дополнителни 10 минути игра, период во кој подобри и посмирени беа Црногорките кои славеа со 27:25.
На својот последен меч во репрезентативната кариера, Радичевиќ беше лидер за освоената бронза со шест гола, исто толку постигна и Јауковиќ, додека во поразениот тим, Минко и Грание постигнаа по четири гола.
Final buzzer in Ljubljana!! 🎉 @rukometnisavez get the 3rd place of the #ehfeuro2022🥉 #ehfeur2022 | #playwithheart pic.twitter.com/8pPnVAucTB
— EHF EURO (@EHFEURO) November 20, 2022
-
АТПпред 19 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 24 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Англијапред 17 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку
-
АТПпред 4 часа
Синер му се реваншираше на Алкарас и го врати Ѓоковиќ на врвот