Поврзете се со нас

Шпанија

Чави се откажал од првотимецот на кого гледаше како замена за Бускетс, следи нов трансфер во Ла Лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта му ја исполни примарната трансфер цел на Чави Ернандес и му го донесе Илкај Гундоган како директна замена за Серхио Бускетс, капитенот на Барса кој реши да стави крај на својата авантура во матичниот клуб.

Гундоган е елитно засилување во средниот ред и се очекува да одговори на сите барања кои ќе ги има тренерот од него, но два дена по потврдата на овој трансфер, денеска пристигнува информација за еден играч кој се очекуваше да добие шанса оваа сезона.

Пред нешто повеќе од една година, Чави го споменуваше Нико Гонзалес како играч кој може да го замени Бускетс во иднина, но според прикажаното досега, тренерот смета дека се уште не е време за такво нешто.

Угледниот „Спорт“ попладнево информира дека агентот на Нико добил зелено светло за нова позајмица, но овојпат најдодбро позиционирана сепак не е Валенсија.

Младиот играч за врска изминатава сезона ја мина на „Месталја“ и беше дел од тимот кој едвај избори опстанок, а според најавите, следната сезона ќе настапува во Бетис, клуб кој ќе му гарантира и настап во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни