Лига на шампиони
Чави: Огорчен сум, но ја прифаќам суровата реалност!

Чави Ернандес беше најголем оптимист од таборот на Барселона пред заминувањето за Минхен, бидејќи тој како тренер на Барселона потенцираше дека на неговиот тим не му е потребно чудо за да слави на „Алијанц арена“.
Легендарниот Чави беше уверен дека Барса може да го победи Баерн на гостински терен и да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите, но реалноста на теренот беше друга, па така баварскиот гигант во еден рутински меч победи со 3:0 и го испрати тимот од „Камп Ноу“ во Лигата на Европа.
– Вечерва беа многу подобри, многу посупериорни од нас. Ние се обидовме што можеме, притискавме високо како што се договоривме, но не успеавме. Во првото полувреме не притиснаа и игравме под нивно темпо. Ова е суровата реалност, за жал таква е ситуацијата. За нас од денес треба да почне една нова етапа, мора да имаме многу поголеми барања од себе, ова треба да биде појдовна точка за пресврт, за менување на работите.
– Денеска едноставно не можевме да се носиме со Баерн, не можевме да се натпреваруваме со нив и нашата реалност е Лига Европа. Ќе ја прифатиме таа реалност со цело достоинство, но ќе работиме за да ја однесеме Барса кадешто заслужува, а тоа не е Лига Европа. Огорчен сум и ме боли да ја прифатам оваа реалност, но не останува друго.
– Барселона не го заслужува ова, но има многу работи кои направија да дојдеме до тука. Чувствувам и јас одговорност, мислев дека можеме да победиме, но не беше така. Повторувам, од денеска треба да почне нова етапа за нас, нашата реалност е Лигата на Европа и наша цел ќе биде да го освоиме тоа натпреварување до крајот на сезоната, – изјави Чави.
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 16 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Светпред 12 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок