Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигата го доби првиот голман со асистенција во оваа сезона: Шах-мат во режија на Гулачи и Вернер (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на РБ Лапциг го оправда статусот на фаворит и славеше над Келн со 4-2 во последната средба од 29. рунда во Бундеслигата.

Домаќинот се бореше на овој дуел, дури и го отвори резултатот во 7 минута со погодокот на Кордоба, но „биковите“ во овој момент се далеку подобар тим од Келн и тоа го покажаа во продолженито од натпреварот.

Шик, Нкунку, Вернер и Олмо погодија за гостите, додека во листата на стрелци кај „јарците“ се запиша уште Модест.

Ова воедно беше меч во кој ја видовме првата голманска асистенција во Бундеслигата во актуелнава кампања, а за истата се погрижи Петер Гулачи кој во 50 минута испрати фантастично прецизна топка до Вернер на кого пак не му беше тешко да реализира еден на еден за 25 сезонски погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни