Поврзете се со нас

Италија

Брозовиќ му врти грб на Интер по интересот од два европски гиганти

Објавено

на

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ ја откажал планираната средба со раководството на Интер за продолжување на неговиот договор.

Причината за ваквиот потег на фудбалерот од средниот ред бил интересот од европските гиганти, Барселона и Манчестер Јунајтед кои сакале да го видат фудбалерот во своите редови.

Двата клуба одблиску ја следеле ситуацијата со фудбалерот кој игра на одлично ниво во дресот на Интер веќе неколку сезони.

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота претходно најави дека оваа недела ќе се сретнат со претставниците на Брозовиќ потенцирајќи дека ќе пронајдат договор со фудбалерот, меѓутоа засега тоа не е возможно.

Што се однесува до договорот на хрватскиот репрезентативец, тој е обврзан на верност со тимот на Интер до крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни