Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац: Кузмановски се наметнува како лидер, тој е најсериозен кандидат за замена за Лазаров

Објавено

на

На македонската ракометна репрезентација и останува уште еден меч од главната фаза на Светското првенство и тоа против составот на Белорусија.

За истата се соочуваме со проблеми и останува неизвесно кој ќе биде подготвен и ќе може да настапи на завршната битка на шампионатот.

-За утре имаме проблеми, ќе видиме кој ќе игра и дали може да изненадиме, -истакна селекторот Данило Брестовац кој посочи кој може да го замене Кирил Лазаров и биде лидер на оваа нова генерација.

-Одредени ракометари веќе се наметнуваат како идни столбови на репрезентацијата. Кузмановски полека се наметнува како лидер и е најсериозен кандидат да ја преземе оваа улога по заминувањето на Кире Лазаров.

-Од останатите би го издвоил Костески кој игра стандардно на овој мундијал. На голманската и пивотменската позиција добро сме покриени. Митревски и Томовски се навистина одличен тандем, не смеат да се заборават Даниловски и Кизиќ, тука е и младиот Петковски.

-Треба да ја градиме оваа селекција. Искуството од ова натпреварување е значајно за младите, не ми се допаѓа пристапот кој го имаме кон натпреварите, меѓутоа треба да сме трпеливи, -порача Брестовац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни