Поврзете се со нас

Франција

Божиќен „подарок“ за Тухел, Германецот добил отказ од ПСЖ

Објавено

на

Томас Тухел повеќе нема да биде тренер на францускиот гигант ПСЖ откако челниците на клубот се решиле да му врачат отказ на стратегот чиј тим има доста променливи резултати оваа година.

Интересно е тоа што веста за отказот доаѓа по убедливата победа на ПСЖ над Стразбур со 4:0 обезбедена во текот на вчерашниот ден.

Дека Тухел заработил отказ пренесе угледниот „Скај Германија“ кој се потпира на извори блиски до клубот кој во моментов е на третата позиција во Лига 1.

ПСЖ досега има четири порази во првенството на Франција, а уште од самиот старт беше видливо недоразбирањето на тренерот Томас Тухел со челниците на клубот.

Во исчекување на официјална потврда на оваа инфомрација веќе почнаа да се шират шпекулации за наслендикот на германскиот стратег на клупата на францускиот шампион. Засега фаворит за тренерската позиција во ПСЖ е поранешниот играч на „светците“, Маурисио Покетино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sports (@skysports)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни