Поврзете се со нас

НБА

Бостон немаше одговор за фантастичниот Батлер, Мајами поведе во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Мајами Хит забележа победа над Бостон Селтикс од 118-107 во првата средба од финалето на источната конференција во НБА лигата.

„Жешките“ загубија три од четирите четвртини против Бостон, но и тоа не ги спречи да дојдат до триумф благодарение на фантастичниот трет период кој го реализираа со 39-14. Џими Батлер 27 од вкупно 41 поен ги даде во второто полуреме, а зад своето име додаде уште 9 скока, 5 асистенции, 4 украдени топки, 3 блокади со што стана прв играч со ваков учинок по 1974 година откако почнале да се бележат украдените топки и „бананите“.

Добра поддршка му беа Хиро со 18 и Винсент со 17 кошеви, додека пак на спротивната страна кај ослабените Селтикс кои овој меч го играа без двајца свои стартери Смарт и Хорфорд (повреда и влез во здравствен и безбедносен протокол), дуото Тејтум-Браун искомбинира 53 кошеви.

И втората средба од оваа серија се игра на Флорида и тоа в петок наутро од 2:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни