Поврзете се со нас

Македонија

„Борис Трајковски“ ќе „грми“: Распродадени се сите карти за ракометниот спектакл во Скопје

Објавено

на

Распорадени се сите карти за утрешниот спектакл во кој силите ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на Македонија.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја информираше јавноста дека нема повеќе билети што значи дека утре не очекува вистински празник во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Средбата ќе започне од 19 часот, а освен квалитетен ракомет ќе има и забавна програма модерирана од Сашко Коцев, но и музичка програма за која ќе се погрижат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Инаку приходите од продажбата на билетите ќе бидат донирани на „СОС Детско село“ од Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни