Поврзете се со нас

Англија

Биелса за ситуацијата на Алиоски во Лидс: Јас ќе бидам задоволен ако…

Објавено

на

Предводникот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса проговори за ситуацијата на Езѓан Алиоски во составот на клубот од „Иланд Роуд“.

Договорот на Алиоски завршува во месец јуни и како што стојат работите тешко дека истиот ќе биде продолжен или поточно ако им се верува на дел од медиумите тој веќе има договорено нов ангажман во турски Галатасарај.

Биелса нема поконретна информација на оваа тема и запрашан за тоа што мисли за Џани и дали истиот треба да остане во Лидс тој одговори:

-Немам јасна идеја каква одлука ќе донесе Алиоски. Постојат приватни преговори помеѓу клубот и играчот и во никој случај не треба да имам мислење. Во никој случај, моето мислење не треба да влијае на тоа што ќе се случи со Алиоски.

-Ако Џани продолжи со нас, ќе бидам задоволен. Ама условите се тие што ќе му овозможат на Алиоски да продолжи со нас или не, ќе одлучат играчот и клубот. Секоја одлука што ќе ја донесе Алиоски ќе биде легитимна, а позицијата на клубот е исто така природна по тоа што ќе можат да сторат. Она што можам да го кажам е дека ако Алиоски и клубот одлучат да го продолжат договорот, јас би бил за оваа одлука.

-Но, има многу варијабли, кои ги пресметува клубот од едната страна и Алиоски од другата страна. Не знам кои се овие променливи и не се обидувам да влијаам на нечија одлука, -рече аргентинскиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни