Поврзете се со нас

АТП

Бекер „удри“ по Кирјос по критиките на австралискиот тенисер кон неговите колеги, овој веднаш му возврати

Објавено

на

Легендарниот поранешен тенисер, Борис Бекер упати критики до контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос кој во неколку наврати на нему познат начин ги критикуваше учесниците на Адрија Тур турнито кој предизвика ширење на коронавирусот меѓу тенисерите.

Бекер на социјалната мрежа „Твитер“ му упати коментар на Кирјос кој ги критикуваше и Новак Ѓоковиќ, но и Александер Зверев кој не ја почитуваше самоизолацијата по учеството на балканскиот тениски турнир.

– Не сакам стаорци! Секој кој ги криткува своите колеги спортисти не ми е пријател. Се гледате во огледало и мислите дека сте подобри од нас, -му напиша Бекер.

На ваквиот коментар веднаш следеше одговор од контроверзниот Кирјос кој во коментарот го нарече Зверев идиот.

– Боже Борис, не се натпреварувам да „фрлам некого под автобус“. Ова е глобална пандемија и ако некој е идиот како Алекс и го направи она што тој го стори, тогаш мора да се огласам за тоа. Едноставно, -напиша Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни