Поврзете се со нас

АТП

Бекер: Не може Ѓоковиќ секогаш да е лошиот, а Надал и Федерер да се добрите момци

Објавено

на

Германската тениска легеда и некогашен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер секогаше актуелен и искрен со своите изјави, коментари, анализи кога се во прашања случуватања во овој спорт, па така овојпат големиот ас проговори за односно на медиумите и публиката кога е во прашање големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер).

Тоа се тројца рекети кои се израмнети по бројот на освоени грен слем титули и ќе биде интересно да се види кој на крајот ќе ја заземе првата позиција. Ѓоковиќ прв имаше шанса да се издвои, ама загуби во финалето на Ју-Ес Опен од страна на Данил Медведев со 3-0 во сетови.

Ова беше турнир на кој публиката беше против Ѓоковиќ иако и тие на крајот сфатија дека можеби претераа со своите реакции, постапки во одреден момент.

-Јавноста и медиумите треба да се навикнат на фактот дека не постојат двајца, туку тројца кои се одлични како тенисери и како луѓе. Не е прифатливо, па дури и нефер  Новак  секогаш да е лошото момче, а Рожер и Рафа секогаш да се добрите момци. Се надевам дека овие две недели во Њујорк, последниот и дополнителниот говор како и реакцијата на јавноста конечно ќе направи да се видат работите од друга перспектива, -истакна Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни