Поврзете се со нас

Македонија

Баскет Кам ја освои првата титула во Суперкупот

Објавено

на

Во еден чуден меч со два големи пресврти, Баскет Кам успеа да ја освои својата прва титула во Суперкупот, совладувајќи го големиот ривал Бадел 1982 со 69:61 на натпрeварот кој се одигра во СРЦ „Кале“.

Победничките во финалниот меч имаа многу подобро отворање на мечот и во втората четвртина стигнаа до предност од 17 поени, на полувреме се замина со резултат 45:31, но одлуката за победникот ја добивме во последната четвртина.

Тоа е така поради неверојатното враќање на „баделки“, кои направија серија од 16:0 во третата четвртина, период во кој Баскет Кам постигна само еден поен.

Бадел влезе со предност во последната четвртина, но избраничките на Гоцевски успеаја да се консолидираат и повторно да ја преземат контролата на играта за завршна победа.

Aдамовска со 21 поен беше најефикасна во победничкиот тим, Димова уфрли 20 поени, додека кај „баделки“, Матију постигна 25 поени и беше најефикасна на паркетот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни