Поврзете се со нас

Евролига

Барселона славеше во кошаркарското „Ел Класико“ во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона излегоа како победници од дербито со Реал Мадрид во рамките на 5. коло во Евролигата.

Каталонците во својот дом во „Палау Блауграна“ одиграа брилијантно прво полувреме во кое направија предност од 21 разлика (48-27) за да потоа паднат во играта, противникот се подобри, но создадената позитива од првите 20 минути им овозможи да ги одбијат сите напади и на крајот да слават со 79-72.

Курич со 15 и Дејвис со 14 кошеви беа водечки стрелци кај Барселона која на овој натпревар сепак не можеше да смета на најголемата ѕвезда Никола Миротиќ и покрај тоа што се исчисти од коронавирусот и тоа поради протоколот на Евролигата.

Томпкинс и Абалде на спротивната страна искомбинираа 27 поени.

Баерн Минхен пак против Олимпијакос дојде до 4. сезонска победа (74-68), додека најдраматичниот дуел вечерва заврши со триумф на Макаби над Химки. Клубот од Тел Авив беше подобар во продолжението со 8-6 за конечни на крајот 89-87.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни