Поврзете се со нас

Мото ГП

Бањаја победи, Биндер најголем трагичар во Асен

Објавено

на

Франческо Бањаја стигна до четврта победа во актуелната Мото ГП сезона, денеска триумфирајќи на трката за ГН на Холандија во Асен.

Членот на Дукати извозе уште една импресивна трка по која се најде на највисокото место на победничкиот пиедестал, оставајќи го зад себе сонародникот Марко Бецеки од тимот на ВР46.

Алеш Еспаргаро со својата Априлија ја заврши трката на четвртото место, но дојде до третата позиција благодарение на казната која ја заработи Бред Биндер.

Биндер беше казнет со губење една позиција поради напуштање на патеката во последниот круг од трката, па на тој начин го лансираше Еспаргаро на победничкиот подиум.

До десеттото место се најдоа и Мартин, А.Маркез, Марини, Накагами, Морбидели и Фернандез.

На трката имаше повеќе инциденти, а најголемо внимание предизвика излетувањето на Квартараро и Зарко, додека Марк Маркез се повлече поради повредата на ребрата.

Учесниците во Мото ГП сега одат на летна пауза, а до следната трка Бањаја ќе биде на првото место во генералниот пласман со 194 поени, 35 повеќе од Хорхе Мартин и 36 повеќе од Бецеки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни