Поврзете се со нас

Евролига

Аврамовиќ се „распука“ кога беше најпотребно, Партизан ја доби првата евролигашка пресметка со Звезда

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кошаркарите на Партизан издвојуваа победа над Црвена Звезда од 88:86 во првиот натпревар од денешната програма во Евролигата.

Супер драматично беше соочувањето на големите српски ривали, средба во која двата клуба имаа можност да водат со двоцифрена разлика од одредени моменти, минути, но се влезе во независна завршица во која избраниците на Жељко Обрадовиќ бодредни од своите навивачи успеаа да бидат за нијанса подобри и го прослават вториот триумф во петтиот натпревар во ова натпреварување.

Голема заслуга за оваа победа има Аврамовиќ кој „збесна“ во последните три ипол минути во кои уфрли 12 поени од неговите 14 на натпреварот. Тој зад своето име имаше уште два скока и една асистенција, двоцифрени беа уште Ледеј со 13, Јарамаз со 12 и Камински со 11 кошеви.

На спротивната страна најефикасен беше центарот Боломбој со 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни