Поврзете се со нас

Евролига

Аврамовиќ го „запали“ синот на Ѓоковиќ, Новак уште еднаш потврди дека е голем спортски џентлмен (ВИДЕО)

Објавено

на

Партизан избори победа над Црвена Звезда од 88:86 во големото српско дерби во рамките на 5. коло во Евролигата.

Аврамовиќ се „распука“ кога беше најпотребно, Партизан ја доби првата евролигашка пресметка со Звезда

Во еден меч во кој двата клуба имаа подеми и падови, се влезе во неизвесна завршница во која клучна улога одигра Алекса Аврамовиќ кој даде 12 поени во последните три ипол минути.

Со своите акции, потези, кошеви српскиот репрезентативец ги „запали“ домашните навивачи, а меѓу нив беше и Стефан Ѓоковиќ, синот на првиот светски рекет. Ноле заедно со семејството го проследи овој дуел, меѓутоа е познато дека тој е голем навивач на Звезда, додека пак Стефан е подржувач на „црно-белите“, па затоа интересна беше сликата, видеото по тројката на Аврамовиќ.

Ѓоковиќ јуниор заедно со мајка му Јелена бурно славеа, додека пак Новак уште еднаш потврди дека е голем спортски џентлмен и со аплаус ја испрати оваа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни