Поврзете се со нас

Евролига

Асвел повторно и зема мерка на Барселона, Ефес го уништи Фенербахче во турското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Францускиот прволигаш Асвел ја доби и втората сезонска пресметка против Барселона во Евролигата.

На крајот на месец ноември Асвел славеше во својот дом со 80-68, а сега тоа го направи и во „Палау Блауграна“ каде се избори за триумф од 76-69. Со ова избраниците на Паркер само потврдија, покажаа дека се во одлична форма затоа што ова беше шесто славје во низа и сега имаат учинок 12-14 што во моментов е доволно за 12 место на табелата.

Најзаслужен за посакуваниот резултат во Каталонија беше искусниот плејмејкер Кол кој уфрли 21 поен и 4 асистенции, кај поразените Дејвис имаше 22 кошеви.

Анадолу Ефес пак си поигра со Фенербахче во турското дерби во ова натпреварување. Фенербахче влезе во пресметката со 10 победи во низа, но тоа воопшто не им помогна затоа што противникот беше фуриозен од почеток до крај и славеше со 106-74.

Мициќ имаше една од најдобрите партии во кариерата со 37 поени на кои придодаде 1 скок, 5 асистенции и 3 украдени топки. Во домашниот состав ДеКоло беше автор на 24 кошеви.

На двете преостанати пресметки, Басконија беше подобра од Црвена Звезда (87-67), а Алба Берлин од Панатинаикос (74-65).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни