Поврзете се со нас

Англија

Астон Вила потврди неочекувано засилување од Арсенал: На „Вила Парк“ пристигна дефанзивецот Чејмберс

Објавено

на

Од редовите на Астон Вила предмалку потврдија ново засилување, трето во јануарскиот преоден рок.

По ангажманот на Лукас Дињ и Фелипе Кутињо, клубот од „Вила Парк“ го потврди ангажманот на досегашниот фудбалер на Арсенал, Калум Чејмберс.

Дефанзивецот на „топчиите“ потпиша перманентен договор со Астон Вила и во клубот од Бирмингем ќе остане во следните три и пол години.

Засега не е позната сумата која ја платила Астон Вила за да заврши осумгодишниот престој на Чeјмберс на „Емирејтс“.

Чејмберс оваа сезона одигра шест натпревари во дресот на Арсенал и воопшто не беше во плановите на Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни