Лига Европа
Артета критички настроен по елиминацијата која ја доживеа Арсенал на „Емирејтс“

Арсенал не ја оправда улогата на фаворит и не се пласираше меѓу осумте најдобри во Лига Европа, што значи дека остана без можност да се бори за уште еден трофеј оваа натпреварувачка сезона.
Спортинг Лисабон се покажа како незгоден ривал и на крајот успеа да слави по пенал рулетот на „Емирејтс“, но ако реално се гледа целокупниот меч, може слободно да се каже дека португалскиот тим и заслужи пласман во четвртфиналето.
Тоа го призна и Микел Артета кој беше критички настроен кон своите играчи по елиминацијата, порачувајќи дека тимот не бил на препознатливото ниво цели 75 минути.
– Ова е силен удар за нас. За жал, имаше голем период во кој не личевме на себе. Во првите 75 минути едноставно не бевме на нашето ниво. Ја дадовме секоја топка на противничкиот тим.
– Ова беше многу тежок натпревар, не добивме доволни дуели, не ги ставивме под притисок кога требаше и константно ја подарувавме топката и им дававме лесно транзиции. Честитки до Спортинг, ние треба да се погледенеме сами и да сфатиме зошто не бевме доволно добри. Му честитаме на Спортинг, а сега ни преостануваат 11 меча во Премиер лигата. Нашиот следен меч со Кристал Палас е како финале, секој меч до крајот е финале. Мора да бидеме многу подобри на мечот со Кристал Палас, – изјави Артета.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)