Поврзете се со нас

Англија

Арсенал не се откажува од играчот на Јувентус, Еду имал средба со неговиот агент

Објавено

на

Од таборот на Арсенал се сериозни во намерата во јануарскиот преоден рок да ангажираат играч на Јувентус.

Фабрицио Романо пренесува дека „топчиите“ се сериозно заинтересирани за ангажман на бразилсиот интернационалец од Јувентус, Артур Мело.

Во текот на денешниот ден во Лондон се одржала средба помеѓу спортскиот директор на Арсенал, Еду со агентот на Артур Мело, Федерико Пасторело.

Арсенал притиска за ангажман на фудбалерот затоа што тој бил примарна трансфер желба на стратегот на клубот, Микел Артета.

„Топчиите“ првично го бараат играчот на позајмица, додека од Јувентус би се согласиле да го пуштат но со поинаква трансфер формула од таа што ја нуди Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни