Поврзете се со нас

Светски првенства

Аргентинско шоу на интернет: Меси имал оригинален предлог до Агуеро пред СП, Кун не го прифатил (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Кун Агуеро вечерва имаше вклучување во живо на стриминг платформата Твич и ексклузизвен гостин му беше Лионел Меси, но поради тоа што Лео е дел од аргентинскиот камп, во разговорот се вклучија и Папу Гомез, Леандро Паредес и Родриго Де Паул.

Конверзацијата која ја имаа Аргентинците кои до пред извесно време беа соиграчи беше навистина интересна и симпатична за сите фудбалски фанови кои го следеа виртуелниот разговор, но истиот откри дека Меси имал и оригинален предлог до Кун пред стартот на мундијалот.

Меси за првпат е сам во една хотелска соба за време на едно големо натпреварување и првпат го нема својот долгогодишен цимер Агуеро, а иако прво се шегуваше, Серхио самостојно призна дека добил покана од Меси да му прави друштво и овојпат.

Агуеро: Каде се наоѓате во моментов?

Меси: Во нашата соба

Агуеро: Нашата? Никогаш не ме покани да спијам таму…..

Меси: Ти си лажго, ти го кажав тоа.

Агуеро: Вистина е, малку фалеше да ја прифатам понудата

Откако завршија со оваа шега, Агуеро му испрати емотивна порака на Лео и на останатите пред четвртфиналето со Холандија, а на зборовите не остана рамнодушен Лео.

– Со среќа, ви посакувам се најдобро. Што и да се случи, вие сте феномени. Вашата победа е и моја победа, уживам и страдам исто како вас. Многу сум среќен што ве гледам така блиски. На некој начин се чувствувам како да сум таму, но сепак не сум, – порача Агуеро, а Лео возврати.

– Благодарам за зборовите пријателе, те сакаме. Многу ни недостасувате, ти и Ло Селсо. Ти испраќаме прегратки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни