Поврзете се со нас

Шпанија

Апелациониот суд на УЕФА ја потврди казната за Осасуна, клубот од Памплона огорчен од пресудата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Европската фудаблска Федерација ова попладне донесе официјална потврда за казната која и беше доделена на Осасуна, која денеска само беше зацементирана од страна на апелациониот суд на УЕФА.

Водечките луѓе одлучија да ја казнат Осасуна со исфрлање од Конференциската лига поради скандалот кој датира од сезоната 2013/14, а кој нема и некоја голема логика поради тоа што станува збор за раководство кое тогаш било дел од друга гарнитира.

Актуелното раководство на Осасуна нема никаква врска со тогашната истрага за местење на натпревари, но на крајот скапо ја плаќа цената и останува без она за што се избори на теренот.

Осасуна имаше фантастична сезона за свои стандарди во Ла Лига и со седмото освоено место се избори за излез во Европа, но како што стојат работите, ова искуство нема да го доживее во новата сезона.

Клубот од Памплона не го криеше разочарувањето од конечната одлука на УЕФА и најави дека ќе се жали на повисоки инстанци, а следна е Судот за Спортска арбитража во Лозана.

Претходно, кога првпат беше најавена казната за Осасуна, челниците на клубот ја „поздравија“ УЕФА со следната порака:

– Силни сте со слабите, слаби сте со силните!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни