Поврзете се со нас

Репрезентација

Антиќ за Димитријевиќ: Не заслуживме ваков однос, многу сум разочаран од него

Објавено

на

Водечките луѓе на македонската кошаркарска федерација и селекторот Драган Бајиќ денеска одржаа прес-конференција, а поводот за тоа беше настапот на нашиот национален тим на претквалификацискиот турнир за Светското првенство во 2023 година.

Доста играчи кои играа важна улога во изминативе години нема да биде присутни поради различни причини, па новиот предводник Бајиќ со тоа што го има на располагање ќе се обиде да дојде до посакуваните резултати против Словачка и Швајцарија.

Најголемо разочарување е тоа што Ненад Димитријевиќ одлучи да не игра за националниот тим и покрај тоа што е здрав и подготвен. Првиот човек на КФМ, Перо Антиќ е разочаран од новото засилување на Валенсија и односот кој тој го покажал кон нив и секако репрезентацијата.

-Кажавме на стартот дека нема да одиме на суспензии, сакаме играчите самоволно да дојдат да играат за репрезентацијата. Најмногу сум разочаран од Димитријевиќ бидејќи уште кога беше мал, постојано бев зад него и го поддржував. Како личности, а и како федерација, мислам дека не заслуживме ваков однос од него.

-Зборувавме со ФИБА, имаме дисциплински правилни и ќе постапуваме според него. Сакам да му посакам многу среќа на селекторот и на неговиот тим, со позитивната атмосфера што ја имаат бидејќи ја знаеме нивната цел, -порача Антиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни