Поврзете се со нас

Македонија

АМС ги избра најдобрите спортисти во Македонија, Лазаров и Пандев добија посебни признанија, РФМ најдобра Федерација

Објавено

на

Агенцијата за Млади и спорт вчеравечер ги избра најдобрите спортисти, национални тимови и Федерации во македонскиот спорт, но додели и посебни признанија за двете легенди кои заминаа во пензија.

Кирил Лазаров и Горан Пандев добија статуетки како великани на македонскиот спорт и АМС на тој начин ги одбележа двете неверојатни кариери на ракометната и фудбалската сцена, по што селекторот на македонската ракометна репрезентација побара од цела македонска јавност да продолжи да го поддржува и финансира спортот.

Во изборот на АМС, за најдобар спортист за 2022-ра година беше избран Владимир Егоров кој донесе злато за Македонија на Европското првенство, додека искусната Оливера Наковска Бикова е избрана за најдобра спортистка.

Сениорските репрезентации во ракомет се избрани за најдобри национални тимови во машка и женска конкуренција, а во тој правец замина и наградата за најдобра Федереција. РФМ го понесе приматот за најдобра спортска Федерација во нашата земја, додека одбележани беа и двата подвизи на Марко Пејчиновски кој го преплива Охридското езеро, како и оној на Харис Беќири во еверестинг.

Наградите кои ги додели АМС:
Спортист на годината: Владимир Егоров (борење)
Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова (парастрелаштво)
Великани на македонскиот спорт: Кирил Лазаров и Горан Пандев
Најуспешна федерација: Ракометна федерација на Македонија
Најдобар машки национален тим: Сениорска ракометна репрезентација
Најдобар женски национален тим: Сениорска ракометна репрезентација
Најуспешна спортска екипа (основно): ОУ „Васил Главинов“ – Велес
Најдобра спортска екипа (средно): СОУ „Нико Нестор“ – Струга
Најуспешна спортска екипа (универзитет): Карате тим на УКИМ
Подвиг на годината: Марко Пејчиновски (пливање)/Харис Беќири (еверестинг)
Најдобра млада спортистка: Јадранка Темелкова (кик-бокс)
Најдобар млад спортист: Петар Арсовски (бокс)
Најуспешен селектор: Дејан Митровски – Урко (кик-бокс)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни