Поврзете се со нас

АТП

Алкарас ги израдува тениските фанови: Имам добри вести…

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас е едно од најголемите имиња на тениската сцена во овој момент и настапот на секој турнир дефинитивно е добра вест за овој спорт, но и за сите љубители, фанови на истиот.

Шпанецот мораше да направи кратка пауза поради проблеми со грбот и стапалото, пауза која дефинитивно му помогна да ми надмине пречките, па тој потврди дека ќе биде активен на Мастерсот во Париз, но и на завршниот турнир во Торино.

-Имам добри вести. Секој ден се чувствувам подобро, ќе играм во Париз и на завршниот Мастерс во Торино. Со нетрпение очекувам да ја завршам годината на високо ниво, -порача Алкарас на социјалната мрежа X.

Вториот тенисер во светот нема играно од 11 октомври кога на Мастерсот во Шангај беше поразен од Бугаринот Григор Димитров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни