Поврзете се со нас

Италија

Алегри за статусот на Влаховиќ: Минатата сезона го „прецртавте“ Рабио

Објавено

на

Јувентус ги финишира подготовките за утрешниот дуел со Спортинг во Лига Европа, а тренерот Макс Алегри пред новинарите открил детали поврзани со составот и очекувањата од четвртфиналната пресметка.

Една од „вечните“ теми на пресовите на Јуве останува формата на Душан Влаховиќ, а и денес Алегри застанал зад својот напаѓач, порачувајќи му дека и натаму треба да биде трпелив и концентриран во обидот да го прекине голгетерскиот пост. Алегри им возвратил на новинарите за актуелизирање на темата, потсетувајќи ги за нивните критики на сметка на Адриен Рабио минатата сезона, за сега Французинот да биде еден од клучните играчи на „бјанконерите“.

– Влаховиќ напредува на технички план, на секој напаѓач може да му се случи ваков период, посебно што тој има 22 години.

– Вие го критикувавте и Роналдо кога не постигна гол на пет натпревари, а ако добро се сеќавам, минатата сезона редовно го критикувавте Рабио и тврдевте дека не треба да добива минутажа во Јувентус. Имам добра меморија, овде ставовите се менуваат како ветрот во Ливорно.

– Душан е млад, во моментов не постигнува голови, но јас сум задоволен од неговите настапи, – изјавил Алегри.

– Спортинг е екипа која оствари седум победи и четири нерешени резултати на последните единаесет натпревари. Се работи за млада и добро организирана екипа, нивниот тренер донесе титула по долго време. Мора да бидеме внимателни, не треба да потсетувам дека го елиминираа и Арсенал, – рекол Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни