Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алегри по елиминацијата од Вилјареал: Се бранеа и чекаа продолженија, а потоа…

Објавено

на

Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри беше очигледно разочаран по денешниот неочекуван и убедлив пораз од тимот на Вилјареал во реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Јувентус важеше за голем фаворит во овој двомеч, но на крајот во следната фаза се пласира шпанскиот тим кој вечерва победи со 3:0, а сите голови ги постигна од 75. минута па до крајот на средбата.

Алегри посочи дека било очигледно дека Вилјареал, се до несреќниот пенал, се бранел постојано и чекал продолженија.

– Мислам дека нашиот тим играше добро 75 минути. Во второто полувреме, Вилјареал одлучи да се брани. Имаа само една шанса и ја искористија. Фудбалот е таков, еден момент може да смени се.

– Имавме добри шанси во првото полувреме, помалку во второто затоа што Вилјареал се бранеше со 11 играчи и очигледно целта им беше да го однесат натпреварот во продолженија, но голот промени се.

– Вилјареал е искусен тим и ги искористија шансите кои им се дадоа, а ние бевме наивни да примиме гол од пенал во тој период. Жал ни е за резултатот затоа што имавме шанси и во првиот натпревар, а имавме шанси и денеска. Не можам да им забележам на моите играчи, треба да продолжат да работат како досега, -истакна Масимилијано Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни