Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алегри незадоволен иако Јувентус заврши прв: Нема да стигнеме далеку со вакви сценарија

Објавено

на

Јувентус го победи Малме со минимални 1:0, а длабоко во судиското надополнување, Масимилијано Алегри, играчите и големите фанови на италијанскиот тим добија супер вест од Русија, бидејќи Зенит израмни на 3:3 против Челси.

Ова значеше дека Јуве прв ја завршува групата Х во Лигата на шампионите и покрај тоа што претрпе тежок пораз од Челси во претходното коло, но тоа не направи да го избрише незадоволтвото на Алегри кој уште еднаш се изнагледа огромни промашувања од неговите фудбалери.

„Старата дама“ пропушти безброј прилики против Џенова пред неколку дена, а сега го повтори истото и против Малме и на крајот мораше да се задоволи само со еден гол предност.

– Ова беше одлична вечер за нас кога е резултатот во прашање, конечниот расплет, но одново упропастивме премногу стопроцентни шанси. Нема да стигнеме далеку ако продолжиме да го правиме ова, ако гледаме вакви сценарија пред противничкиот гол.

– Мора да бидеме поубиствени, поодлучни и поконкретни пред противничкиот гол. Едноставно мора да се подобриме во овој аспект, инаку нема да стигнеме далеку со вакви утки, – порача Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни