Поврзете се со нас

Италија

Алегри мотивиран пред дербито со Милан: Се надевам дека ќе ставиме крај на непријатниот тренд

Објавено

на

Двете победи во низа против Болоња и Макаби прават Јувентус да биде во многу подобро расположение пред големото дерби кое следи утре, додека од друга страна пак, Милан се враќа на обврските во Серија А по големото разочарување во Лондон и поразот од Челси.

Утрешното дерби се игра во терминот од 18:00 часот и двата тима ќе влезат со големи амбиции за освојување на три бода, со тоа што Јувентус ќе брка прва победа на гостински терен токму на „Сан Сиро“.

– Ќе се соочиме со шампионот на Италија и сметам дека овој меч ќе биде уште потежок од обично. Тоа го велам бидејќи Милан загуби на гостувањето во Лондон во Лигата на шампионите и ќе сакаат одмазда против нас.

– Очекувам добар меч, ги имаме сите предуслови за да гледаме вистинско дерби. Немаме остварено ниту една победа на гостински терен оваа сезона и се надевам дека утре ќе завршиме со тој лош тренд.

– Подготвени сме за игра и верувам дека ќе победиме. Во овој момент потребни ни се резултати во континуитет, бидејќи веќе испуштивме бодови со Салернитана и Монца, – вели Макс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни