Поврзете се со нас

Италија

Албертини: Пиоли заслужи да остане во Милан

Објавено

на

Италијанскиот стручњак, Стефано Пиоли и во наредната кампања ќе го води тимот на Милан.

Пиоли го презема Милан во текот на оваа 2019/2020 и успеа да воспостави систем, добра игра и резултати особено по рестартот на сезоната каде „росонерите“ се непобедливи. Меѓутоа и покрај ова клубот преговараше со Ралф Рангник за да на крајот сепак Иван Газидис и соработниците донесат одлука Пиоли да остане и добие нов договор.

-Тој покажа дека ја заслужува работата во Милан. Главната заслуга на Пиоли е прегрупирање на тимот во нивниот најделикатен момент. Кога самодовербата опаѓа во тековната сезона, лесно е соблекувалната да се распадне. Ризиците беа големи за Пиоли.

-Карантинот можеше се да уништи, но тој го донесе најдоброто. Добро завршена работа. Ама и играчите покажаа зрелост. И секако [техничкиот директор Паоло] Малдини многу помогна, -истакна Деметрио Албертини кој е легенда на тимот од „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни