Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба откри дека не сакал да ја преземе „четворката“ на Рамос

Објавено

на

Давид Алаба е големо засилување за Реал Мадрид, а летово пристигна од Баерн Минхен, клубот со кој му истече договорот за соработка.

Австрискиот репрезентативец во последното интервју признал дека не сакал да го носи дресот со број четири во Реал, но клубот инсистирал на такво сценарио.

Четворката долго стоеше на грбот на Серхио Рамос, се додека капитенот не го продолжи договорот со Реал, а подоцна заврши во ПСЖ.

– Бројот 27 кој го носев во Баерн не е дозволен во Ла Лига, па клубот инсистираше да го преземам дресот со број 4.

– Рамос е вистинска легенда, неговото однесување на и надвор од терените е пример за сите професионалци. Сепак, јас сум Алаба и не сакам да бидам споредуван со никого, сакам да оставам сопствен печат во овој клуб, – изјавил Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни