Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ал Келаифи се сврте и против Реал: Не знам зошто се радуваа на титулата во ЛШ!

Објавено

на

Насер Ал Келаифи од минатата година има уште позначјна улога во европскиот фудбал, бидејќи покрај тоа што е прв човек на ПСЖ, сега се води и како претседател на едно од телата кои се контролирани од страна на УЕФА.

Таканаречената ЕЦА, или Европската клупска асоцијација доби нов лидер минатата година по турбуленциите кои ги предизвика проектот „Суперлига“, а тоа беше претседателот на ПСЖ кој на најважната функција го наследи Андреа Ањели.

УЕФА остана изневерена од Ањели и Флорентино Перез и му се довери на Ал Келаифи, кој сега за време на првиот собир во Истанбул не ја пропушти шансата да влезе во конфронтација со двата најголеми шпански клубови.

Најпрво го критикуваше функционирањето на Барселона и политиката за која се одлучи Жоан Лапорта откако се врати во клубот, но испрати зајадлива порака и до Флорентино Перез и Реал Мадрид.

– Чудното кај Реал Мадрид е што всушност ја прославуваа титулата и Купот кој го организира УЕФА. И тие самите знаат дека тоа е најдоброто клупско натпреварување во светот. Чудно е тоа што тие одеа против извонредното натпреварување кое постои со години, а на крајот се радуваа откако го освоија. За мене тоа е чудно, но нема да навлегуваме премногу на таа тема, – изјави Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни