Поврзете се со нас

Англија

Агуеро се врати на теренот по долга пауза, но доби безброј критики за реакцијата кон линиската судијка (Видео)

Објавено

на

Кун Агуеро после долга пауза се врати на терените и експресно се најде во стартната постава на Пеп Гвардиола, играјќи дури 65 минути во дерби пресметката со Арсенал.

Аргентинскиот напаѓач ја започна акцијата по која Манчестер Сити го постигна единствениот гол за победа против Арсенал, но сепак Агуеро стана топ тема на социјалните мрежи поради една своја реакција пред крајот на првиот дел.

Серхио не се согласуваше со една одлука на линискиот судија, а бидејќи во дадената ситуација стануваше збор за жена, неговата реакцијата и фаќањето за рамо многумија ја протолкуваа како невкусна и непримерна.

Според правилникот, Агуеро требаше да добие опомена поради фаќањето на линиската судијка Сиан Мејси, но ако мина без казна на теренот, на социјалните мрежи се најде на сериозен удар од медиумите, но и од фудбалските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни