Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Адријано откри колку пари вложил за победа на Интер во финалето во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/adrianoimperador/?hl=en

Интер важи за голем аутсајдер во финалето во Лигата на шампионите, но играчите на италијанскиот тим веруваат во своите шанси и се убедени дека можат да му нанесат штета на Манчестер Сити.

Ова го посочија речиси сите членови од првиот тим на Интер на вчерашниот „медија-деј“ кој им го посвети УЕФА, а во таа насока оди и мислењето на еден од полегендарните напаѓачи на италијанскиот тим во изминатите две децении.

Бразилецот Адријано остана верен на Интер по завршувањето на кариерата и пред извесно време обелодени дека не пропушта ниту еден натпревар на тимот на Инѕаги, па сега до толку е уверен во триумф над Сити, што решил да се обложи на нив.

Популарниот „Император“ објави слика преку социјалните мрежи и го откри својот тип во јавноста, односно јасно стави до знаење дека уплатил 10 илјади бразилски реали на победа на Интер.

Тоа се околу 2 илјади евра, па доколку неговиот тип испадне точен, ќе добие заработка од околу 15 илјади евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни