Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо за блескавото деби на Лилард: Раката му се „запали“, ова е негов тим (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FDSportsbook

Милвоки Бакс славеше над Филаделфија Севентисиксерс со 118:117 во дерби натпреварот на Истокот и тоа во пресметка во која главниот збор го имаше Дејмиен Лилард.

Лилард на своето официјално деби во дресот на Бакс „експлодираше“ со 39 поени, 8 скокови и 4 асистенции и со тоа веднаш ги освои срцата на навивачите, но и ја стекна почитта на новите соиграчи.

-Ова е негов тим. Раката му се „запали“. Морате само да продолжите да го храните со топки. Ако нешто функционира, морате така да продолжите.

-Погодуваше кога требаше, нè стави во вистинска позиција, беше агресивен, креираше за себе… Беше неверојатен, видов дека постигнал најмногу поени во историјата на деби натпреварите. Тоа доволно говори за него, неговиот карактер и она што го носи во нашиот тим, -порача првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумбо кој се стави во функција на тимот и заврши со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни