Поврзете се со нас

НБА

Адетокумбо по првото соочување со Вембањама: Никогаш не сум видел вакво нешто!

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Bucks

Милвоки успеа да го победи Сан Антонио, но фаворитот стигна до тој исход на многу потежок начин од она што посакуваше.

Јанис Адетокумбо првпат се соочи со дебитантот Виктор Вембањама, си доби и една „банана“ од Французинот, а по натпреварот не штедел комплименти за џинот на Спарс.

– Никогаш не сум видел вакво нешто.

– Не знам колку е висок, но нема шанси да има само 222,5 сантиметри. Кој го кажува тоа, лаже. Само небото му е граница, – изјавил грчкиот кошаркар.

Јанис постигнал 44 поени и имал 14 скокови за 37 минути на теренот, додека Вембањама реализирал 27 поени, заедно со 9 скокови и 5 блокади играјќи само 26 минути на овој дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни