Поврзете се со нас

Одбојка

Одбојкарите беа на прием во АМС, бараат иста премија како фудбалерите

Објавено

на

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски заедно со играчите Ристо Николов и Владо Милев денеска беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, а причината за тоа е секако големиот успех и пласманот на Европското првенство кое е на програмата во оваа календарска година.

Нашите одбојкари беа одлични на квалификацискиот турнир во Скопје против Турција и БиХ и се изборија за учество на собирот на најдобрите селекции на стариот континент. Како што е познато одбојкарите ќе добијат 20.000 евра премија од ОФМ, но во исто време нашата федерација очекува премија од Владата, идентична како што добија фудбалерите, поточно 10.000 евра по репрезентативец.

-Фудбалерите добија награда, па ако сме рамноправни тогаш и одбојкарите од Владата треба да ја добијат истата премија за пласманот на ЕП, -истакна претседателот на ОФМ, Петар Јовановски.

Директорот на АМС, Наумче Мојсоски го искажа задоволството од направениот успех и воедно се надева дека оваа селекција допррва ќе бележи уште подобри резултати.

-Тимскиот дух кај нашите одбојкари, податокот дека дишат како едно, ми дава за право да кажам дека оваа репрезентација не го дала последниот збор. Тие се пример како се бранат боите на една држава, како се сака спортот, -изјави Мојсоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни